Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска изјави дека мали се шансите, како што вели, за предизборна коалиција со некоја од албанските партии, по примерот на денеска официјализираната коалиција помеѓу СДСМ и БЕСА.



За договорот што го потпишаа Зоран Заев и Билакл Касами, Мицкоски релче: „Со среќа нека им е“!

За плановите, Мицкоски рече дека во текот на следната недела ќе излезат со повеќе детали.

„Политичките партии кои беа дел од коалицијата „Обнова на Македонија“ остануваат, но исто така има и политички субјекти кои преговараат со нас. Нашите позиции се јасни, принципиелни и од тие позиции отcтапување нема. Го слушнавме ставот, барањата кои се од страна на различни политички субјекти кои преговараат со нас, ние ги презентиравме нашите позиции“, изјави Мицкоски.

Тој сепак ја остави отворена можноста за коалицирање, како што рече, „по најголемата победа во независна Македонија.

„Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, „Обнова на Македонија“ со народот, а потоа доколку на политичка и проектна основа имаме какво било коалицирање со кој било политички субјект тука сме, подготвени сме да разговараме и да создадеме една коалиција“, рече Мицкоски.