Договорена коалиција СДСМ-БЕСА

Точно на пладне, се очекува лидерите на СДСМ и на БЕСА, Зоран Заев и Билал Касами, да стават потпис на веќе постигнатиот договор за предизборна коалиција.



Документот ќе биде потпишан во 12 часот во Музејот на современа уметност, дознава „Плусинфо“.

Според договореното Билал Касами ќе биде носител на заедничката пратеничка листа на СДСМ-БЕСА во Шестата изборна единица, а Беса ќе има добитни позиции и на листите за „единицата“, „двојката“ и во „петката“.

„Целата математика при договарањето за заеднички настап на изборите на СДСМ и на БЕСА е да се освои 61 пратеник, односно Заев да добие чист мандат за премиер“, вели функционер на БЕСА за Плусинфо.