Сашо Мијалков, Блерим Беџети,Синиша Алексовски и Муса Џафери ќе се појават денеска на повторената судска постапка за предметот „Монструм” во Кривичниот суд во Скопје
Тие се повикани како сведоци по презентирањето на дел од „бомбите”, каде што се споменуваат нивните имиња како лица за кои се претпоставува дека знаат нешто повеќе за петкратното убиство кај Смилковско Езеро, на 12 април 2012 година.
За овој предмет досега сведочеа повеќе сегашни и поранешни функционери меѓу кои и Гордана Јанкуловска, Зоран Заев, Али Ахмети, Бујар Османи, Џелал Бајрами и Љупчо Тодоровски…




