Aкадемикот и поет Радован Павловски вели дека за неговите дела на македонски јазик добивал светски признанија, а дека биле преведувани и на бугарски, запрашан за ставот на БАН која го негира македонскиот јазик.
„Јас на тој јазик имам светски признанија и преведен сум и на бугарски.
Ниедна соседна држава, ни една академија не може ни да ми го даде ни да ми го земе јазикот“, рече Павловски, додавајќи дека не може да се одрекува ниту постигнатиот и потпишан договор односно „не може секое едно решение да се оспорува“.
За Гоце Делчев академикот кажа дека е надисториска и наднационална личност, пренесе Инфомакс





