Зоран Заев и Билал Касами на денешната средба се очекува дали СДСМ и Беса ќе ја официјализираат првата македонско-албанска предизборна коалиција за изборите на 12 април.
Според најавите, на попладневниот состанок се очекува Заев и Касами да се усогласат за ситни детали пред коалицијата да биде и официјализирана, брифираат извори на „Плусинфо“.
Како што веќе објавивме, начелен договор за коалиција помеѓу СДСМ и Беса бил постигнат викендов во разговори на високи партиски функционери од двете партии.





