Коронавирус во Солун!

Прв случај на новиот коронавирус е потврден денеска во Солун, во соседна Грција, соопшти грчкото Министерство за здравство.



Заразена е 38-годишна државјанка на Грција која допатувала од Италија.

Жената е во добра здравствена состојба, а во моментов се проверуваат нејзините блиски кои 14 дена доброволно ќе бидат ставени во изолација, пренесе „Катимерини“.