Тројца „осомничени“ дека се заразени со коронавирус во Косово

Под сомнение дека се заразени со корона вирусот, во Косово се хоспитализирани едно лице по потекло од Кина и две лица кои допатувале од Италија.



Извори од болницата за порталот „Газета експрес“ изјавија дека 28-годишниот кинески државјанин нема нагласени симптоми на болеста која потекнува од неговата земја, меѓутоа по изразените сомневања и загриженост тој самиот се јавил на инфективната клиника.

Покрај Кинезот, во приштинската болница се примени и 27-годишна жена која студира во Пjаченца, во близина на Рим и 39-годишен маж кој работи во Милано.