Потврдени 2 случаи на коронавирус во Хрватска

Втор случај на коронавирус е потврден во Хрватска, откако вчера беше потврдено дека кај помлад човек е потврдено дека е заразен, откако се вратил од Милано, каде што тој и неговата девојка беа на натпревар во Лигата на шампионите.



Вториот заразен е – неговиот брат.

За девојката е потврдено дека е негативна на тестовоите за коронавирус.

Трojцата во моментот се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести и се подложени на тестирање на коронавирус.

„Јутарњи лист“ известува дека ситуацијата во Сплит е алармантна откако брод од Анкона Италија, впловил во пристаништето и беше пречекан од хрватска поморска полиција и санитарни инспектори.