Најдоцна до 3 часот по полноќ ќе се знае дали го имаме првиот заболен од “Корона вирусот”

За еден час или околу 3 часот по полноќ министерството за здравство ќе објави дали во Македонија има заболен од Корона вирусот.



“Во моментов на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје се врши тестирање на корона вирус кај патничка која пристигнала со вчерашниот попладневен лет од Милано во Скопје. Резултатите ќе бидат готови во наредните 4 часа, по што ќе ја известиме јавноста”, напишаа здравствените власти во 23 часот вечерва.