Зголемување на минимална плата нема да има сè додека Владата не биде сигурна дека економијата ќе може да го издржи новото покачување, вели вицепремиерката Мила Царовска.
По вчерашното предупредување дека текстилната индустија е пред колапс поради зголеменииот минималец за работниците, од Владата уверуват дека во наредниот период ќе се работи за зголемување на продуктивноста преку техничко-технолошки развој.
„… дискутираме за техничко-технолошкиот развој во компаниите во насока да ја зголемиме продуктивноста и ние нема да одиме со зголемување на минималната плата ако не сме сигурни дека економијата може тоа да го издржи”, рече Мила Царовска- Вицепремиерка задолжена за економски прашања.
Економските експерти предупредуваа дека секое вештачко зголемување на минималната плата негативно ќе влијае врз економијата, потсетува Алсат М.





