Шефовите на диполоматиите на земјите членки на ЕУ денеска во Брисел ќе разговараат за новата методологија за пристапни преговори предложена од Европската Комисија (ЕК).
Сепак, не се очекува да бидат донесени заклучоци додека не се објават извештаите за реформскиот напредок на Скопје и Тирана.
Најпрво, на дневен ред на Советот за општи работи на ЕУ денеска се предвидени опширни дискусии за претстојниот лидерски самит и за преговорите за идното партнерство на ЕУ и Обединетото Кралство.
По ова, предвидена е информациска точка посветена на новата методологија за проширување
Се очекува да биде повторено дека реформата на оваа методологија треба да се одвива паралелно со отворањето на пристапните преговори со с. Македонија и Албанија, но нема да можат да се носат никакви заклучоци сѐ додека земјите членки немаат увид во извештаите на ЕК за реформскиот напредок.





