Полицијата смета дека возилото со кое управувал 29-годишен Германец, намерно влетало во толпа луѓе вчера за време на карневал во германскиот град Фолкмарзен.
Во инцидентот повредени се триесетина лица од кои десет се деца.
Случајот засега се истражува како обид за убиство, јавува „Дојче веле“.
Напаѓачот е жител на градот, но не им бил познат на властите како екстремист. Полицијата вели дека тој се уште не е во состојба да сведочи за настанот.
Сведоците велат дека возачот на „мерцедесот“ ги заобиколил полициските блокади поставени за да ги одвојат учесниците на карневалот и гледачите.





