Новиоит косовски премиер, Албин Курти се заложи за проширување на соработката со соседните земји и најави можност за одржување заеднички седници со владите на с.Македонија и Црна Гора, јави дописникот на МИА од Приштина.



Во објавата на својата страница на Фејсбук, Курти, порача дека е подготвен да соработува на проекти од заеднички интерес со владите во Скопје и Подгорица.

„Со Република Албанија имаме 77 постигнати договори – ќе додадеме нова енергија и динамика за нивната имплементација. Како Влада на Косово ќе соработуваме со владите на Црна Гора и с. Македонија во проекти од заеднички интерес, при што сметаме и на заеднички владини седници со нив“, напишал Курти.