Антонио Милошоски, од прес центарот на ВМРО-ДПМНЕ, објави нова прислушкуван разговор кој рече дека го добил од укажувач.



Тој на новинаритер им подели и транскрипт од прислушкуваниот материјал.

На објавениот разговор се слуша гласот на Зоран Заев, за што, како што рече, веќе нема потреба да се потврдува и потсети дека за претходниот разговор што го објавил, Заев од Прилеп потврди дека се работи за неговиот глас.

Одговарајќи на новинарски прашања Милошоски рече дека од разговорот можело јасно да се види дека екс-премиерот бил во тесна координација со екс-шефицата на СЈО, Катица Јанева.

Милошоски, рече дека Заев не само што бил премиер, туку бил и врховен судија и специјален јавен обвинител.

Милошоски уште рече дека снимката може да се види зошто на Заев му се брзало да го донесе законот за ЈО, за во иднина сите овие „бомби“ да не може да бидат докази.

Тој рече дека очекува Зоран Заев да биде викнат на распит за ова.