Милошоски за денеска со нова „бомба“ за Заев

На Фејбук, пратеникот Антонио Милошоски најави дека денеска во 11 часот со јавноста ќе сподели материјал од висок јавен интерес.



„Денес медиумите ќе бидат запознаени со материјал од висок јавен интерес, доставен од анонимен укажувач. Материјалот е сериозна индиција за злоупотреба на службената положба на поранешниот премиер, преку експлицитно признание за директно мешање на извршната во одлуките на судската власт, на највисоко ниво.

Прес конференција, Милошоски ќе ја одржи во прес-салата на ВМРО ДПМНЕ, во 11 часот, стои во неговиот пост на Фејсбук.

https://www.facebook.com/Antonio.Miloshoski/posts/3089953604357418