Првиот дел од испораката на шест противоздушни системи „Панцир С1“ што Србија ги набавува од Русија пристигна на воениот аеродром Батајница крај Белград.
Системот бил испорачан со рускиот транспортен авион „Ан-124 Руслан“.
Со ова Србија е единствена земја во регионот што го има овој модерен ПВО систем.
Договор меѓу Србија и Русија за набавка на една батерија „Панцир“, составена од шест системи, беше склучен минатата година.




