„Има многу работи кои вашата земја треба да ги испорача и токму поради таа причина постои процес на проширување и во овој момент не може да влезете во ЕУ.



Прво би требало вашата економија, вашето општество, животна средина и државни институции сите да се подготват за да влез во ЕУ и токму поради тоа постои процес на преговори со цел да се подготвите. Со еден збор вашата земја треба да ги имплементира стандардите на ЕУ“ изјави денеска во Пробишти евро0амбасадорот Семуел Жбогар запрашан што треба земјава уште да стоори за влез во ЕУ.

Тој потсети дека ЕК ја повторила препораката за отворање на преговори со земјите членки од Западен Балкан, и дека во тој контекст Европската комисија изготви документ (методологија) за кој сега се дискутира меѓу земјите членки на ЕУ.

„Ние се надеваме дека и тој услов или предуслов или таа патна препрека наскоро ќе може да биде отстранета се со цел за да може понатаму земјите членки да отвораат или да дадат датум за преговори“, рече Жбогар.