Борисов: Немам ни куќа ни имот, во Барселона бев пред 15 години

во Барселона. Јас морав да одев како градоначалник пред 15 години



Бугарскиот премиер Бојко Борисов изјави дека намера да разговара со шпанскиот колега ПедроСанчез на тема за наводен имот во Барсењлона, измислена, според него да го извлакна неговпто име.

Борисов пред новинари во Брисел го демантираше написот во шпанскиот весник „Ел Периодико“ дека се води истрага против него за перење пари и купување куќа во Барселона.

„По стоти пат ќе кажам дека ниту поседувам куќа, ниту имам недвижен имот, ниту сум бил во Барселона. Последен пат отидов како градоначалник пред 15 години“ рече бугарскиот премиер.

Не се мои пари, јас немам никаква врска со тие компании. Станува збор за луѓе кои не сум ги видел 15-20 години. Ниту пак некоја служба, обвинителство, полиција, ме побарале за да ме прашаат дали е тоа вистина“, додаде Борисов. пренесуваат бугарски медиуми.