Падна влада.мк

Вечерва од непознати причини “паднал” односно не е во функција владиниот портал влада.мк.



Нешто по 20 часот сите што се обиделе да се информираат за активностите на Влада добиле информација дека влада.мк не е достапен затоа што е потребно предолго време за отворање на сајтот.

Засега нема информации за причините за падот на официјалниот сајт на македонската влада и дали инцидентот е поврзан со некакви криминални активности или само нефункционалност на системот на Владата.