Првообвинетиот во случајопт „Рекет“ уште еднаш си зема слобода да ѝ се обраќа на непристоен начин на обвинителката Вилма Русковска.
„Обвинетиот не го уапсивме во библиотека, туку на граница спремен за бегство. За укинување на мерката притвор не смее ни да се размислува”, кажа Русковска по барањето на Бојан Јовановски да биде пуштен од притвор.
На ова Боки 13 реагираше со зборовите:
„Не сме тука да ги слушаме вашите гласовни способности. Не се дери!”, ѝ кажа Јовановски, на што Русковска не му возврати, исто како и на претходните судски рочишта, кога ја нарекува „таканаречена обвинителка“, „лажга“ и слично.





