Кој мајчин јазик го славиме денеска (ФОТО)

Утре е светскиот ден на мајчиниот јазик а ако во името на институтот Крсте Мисирков го нема зборот македонски немаше да знаеме кој е мајчиниот јазик на Македонците кој ќе се прославува меѓу другите светски јазици.



На поканата испратена од Институтот освен што нема информација кој ни е мајчин јазик нема предвидено говор од било кој претставник на државата и владата кои тврдат дека јазикот и идентитетот се бетонирани.

Да биде ситуацијата уште поалармантна според поканата нема ниту еден професор или научник да говори за македонскиот мајчин јазик ниту некој академик е повикан да зборува на темата.

Сето ова во ситуација кога се почесто во регионот и Европа македонскиот станува северномакедонски јазик.