Македонци реагираат на твитот „Секој има право на националност“ на УНХЦР

Македонски твитерџии масовно и со слична реплика реагираат на твитот на Агенцијата на Обединети нации за бегалци (УНХЦР) со пораката дека „секој има право на националност“.



„Националност. Тоа не е привилегија, тоа е човеково право. #ЈасПрипаѓам“, твитна УНХЦР, повикувајќи се на Универзалната декларација за човекови права и на нејзината одредба дека „секој има право на националност“.

„Освен Македонците“ е најчестиот одговор од твитерџиите од Македонија. Дел од другите нивни реакции:

„Сите освен Македонците. Присилната промена на името е фашистичка, незаконска и против основните човекови права. Срамно е што тоа се случува во 21. век и со скриена поддршка од ООН и од ЕУ. #Македонија #Македонци“;

„Жално. Бевме злоупотребени и изманипулирани. Корумпираните и насилниците на Заев ги погазија нашето гордо наследство и богатата историја и ни го одзедоа од Бога даденото право на самоидентификување како Македонци! Никогаш не молчи! #Македонија! #НикогашСеверна“;

„Навистина? А што е со нас Македонците? Или можеби ние не сме луѓе“.