Телекомуникациските оператори ќе ги блокираат броевите од кои што кон домашни корисници од претпладнето има голем број неидентификувани повици од странство и во текот на денов таквите повици ќе престанат, изјави за МИА директорот на Агенцијата зе електронски комуникации Сашо Димитријовски.
Дотогаш, сесоветува, граѓаните да неодговараат на повици со непознат повикувачки број.
„Ова се злоупотреби што се случувале и во минатото, вакви јавувања имаше и минатата година. Совет до граѓаните е да не се јавуаваат, а опереторите да ги регистрираат броевите, да ги блокираат и повиците ќе престанат во текот на денов, изјави Димитријоски.
Став за повиците за кои алармираа граѓаните преку социјалните мрежи, МИА побара и од операторите од каде исто така најавија дека дополнително ќе споделат информација.





