Натпреварот на Партизан и Будуќност од квалификациите во фудбалската Лига на шампионите имаше вовед кој ги надминува спортските релации. Имено, навивачите на црно белите при појавувањето на гостите од Подгорица на стадионот во Белград извадија транспарент со стих од Алекса Шантиќ со кој сакаа да ги потсетат дека се исти народ.



“Од својата мајка нема да најдете подобра?! А ваша мајка е оваа земја”, стоеше на знамето кое беше проследено со слики од познати црногорски великани, кралот Петар Први Караѓорѓевиќ и сердарот Јанко Вукотиќ.

https://youtu.be/JufWx_-_ZAM