Еди Рама за почнувањето преговори со ЕУ: Март не постои!


„Да не зборуваме за датуми и месеци. Март не постои“, изјавил албанскиот премиер Еди Рама за новинарите во Брисел, одговарајќи на прашањето дали има можност на состанокот на Европскиот совет во март да биде даде зелено светло за да започне процесот на пристапување за Албанија и с. Македонија, објави „Политико“.



На прашањето како ја коментира блокадата на натамошното проширување на ЕУ од страна на францускиот претседател Емануел Макрон, Рама одби да критикува.

„Не можам да кажам дека тој не е во право кога зборува за потребата од реформа на ЕУ, кога зборува за потребата да се направи процесот на проширување нешто што е практично, што е опипливо, што е одговорно“, рече Рама и призна дека запирањето на пристапувањето во Албанија е „политички земјотрес“.

Повеќе