(…)
Власта – која, како што слушнавме од устата на самиот поранешен премиер Зоран Заев, имала привилегија да разговара со адвокати на обвинетите, да гледа и да прегледува докази и да донесува заклучоци дали имало кривични дела и за какви дела станувало збор – сега ќе си протестира пред своите прчии.
За што? За „правда“. Одозгора на тога, што би рекол Заев, за конечни правни разрешници за поранешните предмети на СЈО. И одозгора на тога, за поддршка на законот кој, види богати, не содржел скриена амнестија за никого.
А, бе ова вие сериозно?! – пишува новинарот Бранко Героски во денешната колумна.
(…)
Жал ми е, другарчиња, сево ова е премногу провидно за било кој
пристоен човек најавената парада на лицемерието да ја доживее како
искрена борба за правда и за мир. А вие само марширајте. Само да знаете
дека се гледа дека чизмите ви се валкани…





