Им ги водеше финансиите, сега бара маршот на СДСМ да помине покрај „Мериот“ на Мијалков

Финансискиот експерт Бранимир Јовановиќ кој беше гуруто на финансиските политики на СДСМ до лани ги повика Заев и СДСМ утре на партискиот марш да поминат покрај хотелот на Сашо Мијалков и да му изразат благодарност.



“Кога ќе марширате утре за правда, не заборавајте да поминете покрај Мериот, да му се заблагодарите на Бате Саше за сесрдната помош. А потоа и до Систина, да го поздравите Газда Орце, новиот борец против корупцијата и неправдата. А потоа и до кај Крсто и другите амнестирани и спасени поради забранава “бомбите” да се користат како докази. До Будимпешта не мора да одите, како што тргнало, Николче наскоро сам ќе се врати”, пишува Јовановиќ кој замина од министерството за финансии поради различните пристапи со Владата за начинот на кој треба да се трошат народните пари.