Кои се луѓето од мистериозниот “твит” што ги вознемири социјалните мрежи

Кои се лицата кои се споменуваат во мистериозниот твит кој ноќеска интензивно се споделува во групи на Телеграм и други апликации а најпрвин се појави на Твитер.



Според навидум несериозниот твит кој го објавува “твитерџија” кој бил дел од движењето #БОЈКОТИРАМ а објавувал критички постови за сите политички партии, се работи за сомнителна ситуација со две лица кои најверојатно не се прикажани со нивните вистински имиња.

Во информацијата во која наводно се зборува за двајца луѓе кои јадат ќебапи најверојатно индиректно се испраќа порака за други нелегално активности за луѓе со поинакви имиња и за настани кои засега не се целосно јасни.

Целиот твит:

“Она кога #ДончоФондов и #ВладоНаумов секој месец лапале ќебапи, едниот десетка, другиот петка со кромид. На крајот од приказната за политичка корупција ги протерало за по надвор.
#ДесеткаСоКромид
#ПеткаСоЛук
#Апсаана

Во дел од коментарите на социјалните мрежи првото споменато лице кое се именува како Дончо Фондов се поврзува со висок државен функционер кој контролира важна институција со голем буџет а кој е близок на највисоки партиски и државни функционери.

Тоа лице и предходно се споменувало како актер во корупциски скандали.

За второто лице наведено како Владо Наумов нема никаква логична поврзаност со лице од политичкиот или јавен живот во Македонија.

Според коментарите на социјалните мрежи и групи каде што се шири твитот во пораката преку бројот на изведените ќебапи се испраќа информација дека се работи за суми на пари кои двајцата мистериозни ликови ги земале во корупциска афера.

Според напишаното меѓу редови може да се заклучи дека корупцијата во која на двете лица месечно им било исплаќано по 5 односно 10 илјади евра веќе не функционира и тие се фатени или разоткриени.

Македонските медиуми досега не објавиле за ваков случај на корупција кој е пандан на напишаното во твитот но не може да се исклучи дека случајот е вистинит а се уште не е објавен во јавноста.

Најголем дел од предходните твитови на профилот кој ја објавува мистериозната информација се потврдиле брзо по објавувањето.