Зошто Заев почекал пред да го пријави Боки 13?

Обвинителката Ивана Трајчева на денешното рочиште за „Рекет“ презентираше докази од комуникација помеѓу Бојан Јовановски и Зоран Заев што отвораат дилема зошто лидерот на СДСМ почекал пред да го пријави рекетот на Боки 13 и Катица Јанева.



Последната комуникација Боки 13 и Заев ја оствариле една недела пред тогашниот премиер да го пријави случајот.

Доколку Боки 13 со Заев зборувал на 16 април тогаш лидерот на СДСМ знаел за криминалот но чекал најмалку 6 дена.

Според обвинителката Русковска случајот Заев орално го пријавил во втората половина на април.

Според повеќе извори Заев чекал една недела пред да се јави во обвинителството што е спорно затоа што во тој период тој со непријавување ја попречувал правдата односно не постапил законски со криење на информаци за очигледен случај на кривично дело.

Според пораките Заев е целосно свесен дека се работи за тежок криминал но сепак не пријавува веднаш откако ја добил информацијата.

“Јас никогаш не сум го злоупотребил вашето име, јас никогаш не играм двојни игри. Барам уште еднаш да размислите да се видиме” , му пишува Боки на Заев.

На ова Заев му возвраќа:

“Ќе се видиме, морам да ги видам доказите, ова е чист рекет, нè очекуваат крупни одлуки, јас ова морам да го пријавам, му пишал тој шест дена пред да го пријави”.