Пратеникот на Беса Фадил Зендели денеска изјави дека нема да гласа за потребата за донесување на законот за јавно обвинителство, и дека тие не биле консултирани за последната верзија на Предлог-законот што утрово пристигна во Парламентот.



Зендели рече дека нема да го поддржат овој закон, бидејќи тој е различен од онаа верзија која што била договарана и е веќе во собраниска процедура пред да биде испратена оваа верзија по скратена постапка, пренесе Вечер.