Сега уште и кога ќе си докупат пратеници, се’ ќе биде во совршена хармонија: и законот и процедурата! – реагира на Фејсбук професорката Биљана Ванковска на начинот на кој се турка донесувањето на законот за Јавно обвинителсство…

„Не бива од ова држава, и што е најстрашно фатени сме во замката на магепсаниот (ѓаволскиот) круг. Кој прв почна ММЕ!? Едно води кон друго, и враќање нема.
Кога од Уставот ќе направиш партал, а од институциите Потемкинови села, и сето тоа со меѓународен благослов (за мир и стабилност, за интеграции, бла-бла) – си се простил од државата“ – констатира Ванкловска.






