Ревизијата на исплатените надоместоците што ги добивале обвинителите во СЈО и нивните соработници е во тек, а извештајот ќе биде готов во јуни, вели директорот на Државниот завод за ревизија, Максим Ацевски, во интервју за „Радио Слободна Европа“.
Ревизијата ќе трае три месеци, по што поранешната шефица, Катица Јанева ќе може да даде забелешки.
„Очекуваме ревизијата да заврши на почетокот на мај. Потоа во рок од 30 дена самиот субјект, предмет на ревизија, има право на забелешки, покрај тоа што Јавното обвинителство не постои како правен субјект, меѓутоа раководителот на субјектот во тоа време со јавното обвинителство има право на забелешки на утврдените состојби во рок од 30 дена“, вели Ацевски.






