Приближно 15.000 изнесува пратеничката плата на народните претставници во Собранието, но меѓу нив има такви кои редовно се отсутни, а и кога присуствуваат на седници – нема што да кажат.
Пратеникот и лидер на ДУИ, Али Ахметии, изминатата година се појавил на седници само 14 пати и никогаш не земал збор.
Има и 13 други кои не се појавиле на собраниска говрница, не предложиле нешто, не поставиле пратеничко прашање…
Мендух Тачи на седница се појавил само 7 пати, Борис Змејковски и Јохан Тарчуловски редовно се правдале дени, Африм Гаши и Неџбетин Карамани не виделе потреба да се обратат…пишува А1.ОН.




