Газдата на „Еко Клуб“ веќе не е унгарски конзул!

Унгарија го отповика својот почесен конзул во Битола Сашо Јанакиевски, газда на фирмата „Еко Клуб“, која пренесувала несоодветнои третиран медицински отпад во скопска „Дризла“.



Од Министерството за надворешни работи ни потврдија дека вчера добиле нота од унгарското МНР дека го отповикуваат почесниот конзул во Битола, назначен во септември 2012 година, а отповикувањето, според нотата, стапува во сила веднаш.

Нотата била без куса, без образложение. Според процедурата, одлуката на унарското МНР треба да ја констатира Владата, пдознава СакамДаКажам.