Декларирани членови на СДСМ и други лица кои се критички настроени кон опозицијата се луѓето кои јавно поддржуваат говор на омраза против министерката Мизрахи и Евреите како народ.
Триесетина лица кои ставиле “лајк” односно им се допаднал статусот на новинарот Бранко Тричковски се луѓе кои свесно и јавно поддржуваат говор на омраза и антисемитизам кој го осудува целиот свет.
Меѓу луѓето кои го поддржуваат антисемитизмот и говорот на омраза на Тричковски што може да биде и основа за нивен кривичен прогон е и професорот Тито Беличанец кој за разлика од другите добро го познава правото и знае дека за антисемитизам во некои членки на ЕУ може да се заврши в затвор.
Некои од “лајкачите” дури ставаат знак за насмевка за говорот на омраза на Тричковски.









