Собранието усвои закон кој отвора можност граѓаните на кои им недостига работен стаж – да можат да го откупат.



Лицата кои наполниле 65 години а немаат 15 работен стаж поради неплатени придонеси, ќе можат да ги откупат тие месеци или години од стажот за да добијат старосна пензија.

Еден месец стаж кој недостига ќе може да се откупи за 1.400 денари, се наведува во прилогот на ТВ21.

Директорот на Пензискиот фонд, Шаип Зенели вели дека на повеќето граѓани им фали стаж од неколку месеци, но дека има и такви на кои им фалат 3 или повеќе години.

„Доколку некој има 14 години работа и 14 години стаж, му фали една година, за таа една година тој бил вработен, но од страна на правниот субјект не му е платен стажот. Доколку таа фирма не постои или е во стечај, или е одјавена во целост во централен регистер, тоа лице таа една година може да ја плати и да го искористи правото на пензија“, објаснува Шаип Зeнели.

Се очекува Законот овие денови дабиде објавен во „Службен весник“, а со тоа и да стапи во сила.