„Фактор“: Владата одлучи да има К-15 и за административците

На седница на Владата утврден е колективниот договор со кој на државната администрација се враќа К-15, јави „Фактор“.



Владата го  утврди текстот на Гранскиот колективен договор и го овластила министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски да го потпише Гранскиот колективен договор со репрезентативниот синдикат УПОЗ.

Ова ќе биде прв Грански колективен договор за административните службеници и правосудните органи по 1995 година, со кој администрацијата се стекнува со право на К-15, дневници за трошоците за превоз и трошоците за ноќевање за службени патувања во земјата, како и право на платено отсуство заради лични и семејни околности и тоа до седум работни дена во годината, право на неплатено отсуство…