Лавина урнебесни реакции на твит на лидерот на СДСМ Зоран Заев кој се пофали дека во Македонија за разлика од порано граѓаните биле слободни да кажат што мислат јавно.
Во низата коментари од кои ниту еден позитивен за Заев и СДСМ твитерџиите го прашуваат дали тој и неговите соработници ја пушат марихуаната што ја садат блиски фирми.
Бевме земја каде се прислушуваа граѓаните за да се вршат притисоци и криминали. Пратеници беа тепани во Собранието, а луѓето говореа со шепот.
— Зоран Заев (@Zoran_Zaev) January 31, 2020
Ја вративме слободата на говор и слободата на медиумите. Граѓаните гласно зборуваат. Тоа е одлика на демократските општества. #НаПравПат pic.twitter.com/3fdM6JHizD






