Во најголемата фабрика за знамиња во Иран за знамиња, бизнисот цвета: произведуваат американски, британски и израелски знамиња кои масовно ги купуваат ирански демонстранти.
Фабриката се наоѓа во градот Хамеин, југо-западно од Техеран, а месечно се произведуваат по 2.000 американски и израелски знамиња, пренесуваат медиуми.
Во атмосфера на засилени тензии меѓу САД и Иран и откако беше убиен генералот Касем Сулејмани во акција на САД, демонстрантите редовно палат знамињата на овие земји на митинзи и протести.




