Контроверзна изјава на американската амбасадорка Кејт Мери Брнс во интервју за Сител во која таа отвара дилеми кој ќе владее во Македонија по предвремените избори на 12 април.
За дел од набљудувачите на социјалните мрежи кои се симпатизери на опозицијата Брнс сакала индиректно да каже дека по изборите Македонија ќе добие целосно нова влада во која нема да бидат некои или сите досегашни актери во владината коалиција на СДСМ и ДУИ.
За други блиски на СДСМ и ДУИ се работи за нова влада само во техничка смисла затоа што ќе има нов мандат од претседателот и гласање во Собранието.
На вторите главен проблем да го аргументираат својот заклучок е мирната транзиција за која зборува Брнс а за која нема никаква потреба доколку повторно победат СДСМ и ДУИ.
За јавноста најдобро ќе биде доколку амбасадата на САД ја дообјасни изјава на својата амбасадорка.
Изјавата за новата влада Брнс ја дава околу 10 минута од видеото на Сител
https://www.facebook.com/667988173255109/posts/2719514164769156/





