„Мир, просперитет и пријателство со сите земји“ и датумот на Брегзит – 31 јануари 2020 година е иоспишано на монетата од 50 пени со која Велика Британија ќе го одбележи утрешшното напуштање на Унијата.
„Напуштањето на ЕУ претставува пресвртна точка во нашата историја и оваа монета претставува почеток на ново поглавје за Британија“, изјави министерот за финансии, Саид Џавид кој соопшти дека од утрево оптек ќе бидат пуштени 3 милиони монети.
Новата кована паричка е изработена од злато, сребро и комбинација на бакар и никел.
Министерството за финансии на Велика Британија го суспендираше производството на такви монети во октомври, откако „Брегзит“ беше одложен за крајот на јануари.
Одлуката за повторно производство на монетите е донесена по победата на Конзервативната партија на предвремените парламентарни избори.





