Италијанскиот брод за крстарење, „Коста Смералда“ со 6.000 патници и членови на екипажот е задржан во близина на Рим, се додека не се бидат готови резултатите од тестовите на кинскиот пар кај кој биле забележани симптоми на корона-вирус.
Тие имале треска и проблеми со дишењето, два типични симптоми карактеристични за смртоносниот вирус поради што се изолирани во болничкото одделение.
Патниците и бродската посада не смеат да го напуштат бродот се додека не се завршат медицинските прегледи, изјави портпарол на компанијата.




