„Да бидам искрен, наоѓам разбирање и за поведението на обвинетиот Бојан Јовановски. Полека но сигурно, човекот се претвора во централна и политичка жртва на процесот „Рекет“, пишува новинарот Бранко Героски за „Плусинфо“.
„И јас веќе не сфаќам зошто го држат зад решетки. Не сфаќам зошто го чуваат во услови во кои не може да добие солидна медицинска нега, што очигледно му е неопходна. Јовановски со право се жали дека некој наумил да му го земе здравјето во нашите казамати.
И секако, да потсетам на она што го напишав повеќе пати – никој не треба да има дилеми дека кога Боки ќе сфати дека во судската трагикомедија „Рекет“ му е доделена ролјата на магаре што треба да го понесе најголемиот товар на вината за аферата во која се вмешани и многу други моќници, плус да изгледа глупаво, нели, тој ќе одлучи да отвори уста и да проговори. Мора, нема друг избор.
А веројатно има да каже многу нешта за аферата, нешта кои можеби никој од нас сè уште не ги слушнал.“, пишува Героски.




