Шпанија се заканува со бојкот на самитот во Загреб на 6 и 7 мај поради учеството на Косово, дознава Радио Слободна Европа од извори во Мадрид, Загреб и Брисел.
Хрватското претседателство има намера со овој состанок да биде потврдена европската перспектива на сите земји во регионот. Шпанија е една од петте земји на ЕУ кои не ја признаваат независноста на Косово, додека другите 23 ја признаа.




