Единствениот македонски претставник во регионалната кошаркарска лига ќе го дочека поранешниот Европски првак и победник во Јадранската лига. Во периодот од 29. септември до 2. октомври за кога е закажано првото коло, Партизан доаѓа во арената Јане Сандански во Скопје и ќе биде добра шанса за голем триумф за почеток зошто објективно белградските црно бели веќе не се тоа што беа, или попрецизно во моментов се уште немаат екипа која би прилегала на реномето на клубот.
МЗТ Скопје во првото гостување оди кај ФМП, а потоа го дочекува Задар. Актуелниот победник во натпреварувањето Црвена Звезда ќе му биде противник на нашиот првак во шестото коло, кога аеродромци ќе гостуваат.