Со упорно и систематско означување на локација грчките корисници на апликацијата „Гугл мапи“ успеале плоштадот Македонија во центарот на Скопје во својата англиска верзија да го преименуваат во плоштад „Вардарска“.
Ако сега побарате како се вика овој плоштад ќе ги до даде името што се користел во време на Кралството Југославија до 1941 година.
Причините се интензивните напори на грчките активисти на социјалните мрежи кои што имаат можност да влијаат на оваа апликација да се промени име на некоја локација. Откако стотици корисници на апликацијата од Грција го потврдиле ова име сега тоа за сите што ќе пребаруваат низ Скопје и Македонија ќе го добијат терминот „вардарска“ кој за нив е најпосакуваниот за идно решение во спорот за името на земјата.
На ред се сега и македонските власти кои што можат да упатат барање до Гугл да ги почитува македонските топоними и имиња на локации но и активистите на социјалните мрежи кои што можат доколку се доволно посветени и организирани и без помош од државата да го вратат англиското име на скопскиот плоштад „Македонија“.