За време на расправата во Комисијата за европски прашања, на која присуствуваше евроамбасадорот Самуел Жбогар , пратеникот Антонио Милошоски праша зошто ЕУ молчи кога власта го злоупотребува европското знаменце.
„Точно е пропишано кај нас за што се употребува европското знаменце, но Владата го злоупотребува дури и за донесување на законот за марихуана, а делегацијата молчи за тоа“, праша Милошоски.
Евроамбасадорот Жбогар, кој претходно имаше обраќање во кое зборуваше за перцепцијата врз општествената констелација во државата и побара партиите да ги смират предизборните тензии, одбегна да одговори на ова конкретно прашање на пратеникот.





