Во петокот претпладне била извршена кражба во пошта во трговски центар на улицата „Натанаил Кучевишки“ во Бутел.
На 24.01.2020 во 10:15 часот било пријавено дека на улицата „Натанаил Кучевишки“ во трговски центар, во објект на пошта, непознат сторител извршил тешка кражба и од метален сеф одзел пари“, соопшти денеска полицијата.





