Грчката полиција (ЕЛАС)денеска соопшти дека прекинал меѓународен синџир за шверц со колеми количини кокаин во Европа и северозападна Африка од Карибите.
Запленети биле 1,18 тони дрога и уапсени осум осомничени членови на групата од кои повеќето се албански државјани, јави „Катимерини“.
Вредноста на запленетата дрога се проценува на 50 милиони евра.
Запленети биле вкупно 1,18 тони кокаин, нешто повеќе од 233 000 евра, „калашников“, три пиштоли и 19 мобилни телефони, јавува РТС.
Шестмина се Албанци, а албанскиот весник „Панорама“ тврди дека Александар Пемај, кој е познат како еден од главните организатори на албанското подземје во Грција, е меѓу уапсените.
Акцијата била во соработка со американската ДЕА.
Дрогата, наводно ја платил албански државјанин, а клучен оператор на операцијата е Арап кој живее во Шпанија, соопшти грчката полиција..





