Фудбалерите на македонскиот фудбалски првак Вардар денеска заминаа за Шведска каде в среда ќе го имаа првиот натпревар од второто квалификациско коло во Лигата на шампионите. Дуелот Малме-Вардар е за два дена од 19 часот на Сведбанк арена, а реваншот е седум дена подоцна кај нас. За црвено црните ова е голем предизвик, па и проблем, зошто противниот не е лесен, а Вардар во последните четири години испаѓа токму во оваа почетна фаза.



За настапи, и тоа втори, летово се подготвуваат и извонредно убедливите на стартот од летото, Шкендија и Работнички, кои ден потоа, в четврток имаат настапи во Лига Европа. Тетовци за противник го имаат Хелсинки и со него ќе се сретнат во Струмица од 18 часот, додека Работнички во истиот термин во Скопје го дочекува Динамо Минск.